Македонските граѓани бараат поевтин роаминг

Bez autora
Sep 23 2013

Поддршка на иницијативата што Македонија ја започна со Србија и со Црна Гора за намалување на цените што граѓаните од овие земји ги плаќаат за роаминг-услугите, побарал министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во своето обраќање на Осмиот состанок на Kомисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој завчера се одржа во Њујорк. Тој апелирал до потпретседателот на Европската комисија, Нели Kрос, која исто така учествуваше на состанокот во Њујорк, да ја поддржи иницијативата и побарал побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги како и граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

Македонските граѓани бараат поевтин роамингПоддршка на иницијативата што Македонија ја започна со Србија и со Црна Гора за намалување на цените што граѓаните од овие земји ги плаќаат за роаминг-услугите, побарал министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во своето обраќање на Осмиот состанок на Kомисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој завчера се одржа во Њујорк.

Тој апелирал до потпретседателот на Европската комисија, Нели Kрос, која исто така учествуваше на состанокот во Њујорк, да ја поддржи иницијативата и побарал побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги како и граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

Министерот Ивановски потпишал меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги со потпретседателот на корпорацијата „Интел“, Џон Дејвис.

Ова ќе овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење компјутерски уреди. Тоа ќе обезбеди три клучни придобивки за земјоделците - намалување на трошоците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik